следен (прид.) - шест (бр.)

Откако докторира, добива стипендија за истражување на Тринити колеџот, каде што предава философија следните шест години, одејќи во Виена само за празниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако постапи спротивно, не може да аплицира за социјална парична помош во следните шест месеци (нов член 29-ж, ЗИДЗСЗ/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)