Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Хегел, Маркс, Токвил и други ќе ја преземат на свој начин оваа метафора, поставувајќи го само прашањето на брзината на движењето на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јаничар од нов, комунистички ков, каков што беше губејќи ја својата мала татковина и грузискиот идентитет, жртвувајќи ги за големата идеолошка татковина на советскиот комунизам, Сталин сигурно ќе завршеше со изместена душа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во XX век, империите на нацизмот и на сталинизмот, на советскиот комунизам, покажаа дека човекот не напредува, за други падовите се иреверзибилен знак на одењето напред, на прогресот; за трети таквиот прогрес претставуваше запирање на Историјата, со дефинитивната и непобедлива пазарна економија и демократијата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Наивните и натаму веруваа во чуда. И покрај логорите на смртта, депортациите, Гулазите, на Балканот уште се веруваше во советскиот комунизам.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)