Солун и сите солунски улици, пред сѐ, онаа што го дели градот на два дела, „Виа Егнатија“ - позната на сите наши граѓани, кои престојувале во овој град, по магазините и продавниците, - се преплавени од луѓе, а уште повеќе од коли, така што се чини, дека сиот град е огромна автострада и паркиралиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зашеметува бесцелното движење по солунските улици.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Така, оковани стотина и педесет, ги спроведеле низ солунските улици, низ тесен шпалир од љубопитни граѓани, до пристаништето, каде што ги чекал чамец што требало да ги пренесе до паробродот „Константинопол“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Деновите по разврвените Солунски улици исполнети со униформи, питачи, заводливи жени и исплашен народ ги минуваше во размисли и потрага по смислата на она што веќе беше сторено.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)