Ѕид! Подотвори го како корица на книга и ќе видиш; зелени се како горите на светот, страшно се зелени како сончева поплава.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сончевата поплава се повлекуваше пред сенките. Расцутените бадеми на ридот се покриваа со сино-румени одблесоци на свој оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од врвовите на планината Златица се спуштале сончеви поплави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тревата била поттикнувана од невидливи понорници; пред очи буела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)