Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму преку идентификување со женственост која е истовремено гламурозна и абјектна, геј-мажите се во состојба да го измешаат нагорно подвижниот естетски стремеж со етичкото срамнување на општествените разлики.
Тука женственоста, како во случајот со италијанските вдовици од Фајер Ајленд, на геј-мажите им функционира како еден вид заменски идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пред смртниот час можеби ќе се пронајдам и ќе надвиснам над темното огледало на својата судбина за да го побарам сопствениот лик, а во огледалото ќе ја видам судбината на волшебникот, чиста, целосна, исполнета, нескршлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Душевниот немир, копањето по болните спомени и лудилото во овие часови на очај поради човечката злоба и пакост ме враќа во галеријата кај сликите на болната и брутална вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
24 Треба да нагласиме дека овој друг, што само како чија спротивност постои заедницата, не може да постои независно од себе-истиот или суверениот субјект кој секогаш го дефинира другиот само преку сопствениот лик.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)