сопствен (прид.) - одлука (имн.)

Во моментите кога се меша со притоките на ирационалноста, заблудата, кога ветрот ни фрла прашина во очите, настанува поматување и колку и да се прашуваме и да бараме оправдувања и да го потиснуваме бесот кој тлее во нашите срца, ќе мора да се соочиме со сопствените одлуки и чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ЈАКОВ: Сѐ што направив, сакав да направам, направив по сопствена одлука. (На Нове.) Да ја чуеме азбуката.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Раководителите во Битола се само марионети кои ги спроведуваат веќе изготвените одлуки од Скопје, без притоа да имаат и најмала можност за донесување сопствени одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тоа поради едноставна причина: нивното дејство е предодредено и него го диктираат одредби од претходно сценарио.292 Тие не носат сопствени одлуки; не дејствуваат самостојно; не ставаат во погон избрана стратегија за справување со даден брзо променлив сплет на околности, во согласност со одредени правила и според сопствената најдобра, секавична проценка на севкупната ситуација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што потенцира Лозановски, кај битолската топ- лификација, иако само како основач се јавува „Топлификација“ АД – Скопје, истата се поставува и како централен раководен ор- ган кој потполно учествува во раководењето со битолската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако таквите изведувачи честопати прават исклучително напорни работи на сцената, за нив не се смета дека постапуваат, туку дека настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум верувала дека дотука не држиш цврсто до сопствените одлуки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За разлика од спортските ѕвезди, забавувачите на кои работата не им е да победат на натпревар, туку да изведат сценарио на сцена – било да е тоа сериозен театар, брoдвејски мјузикл, некоја опера или балет – поради тоа се феминизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)