Законодавецот овде повторно го заобиколил Уставот, кој пак јасно пропишува дека „Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.“ (чл. 34) и дека „Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, согласно со начелото на социјална праведност.“ (чл. 35).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ова е проследено со зголемување на улогата на државата во јавните функции како што се 86 образованието, медијацијата во социјалните конфликти и обезбедувањето на социјална сигурност, како и преку преземање на сопственост и контрола над медиумите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Според Уставниот суд, ваквата обврска уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Македонија, бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема социјална сигурност во сферата на социјалната заштита, а во таа смисла и на начелото на солидарност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Од аспект на работничките права и социјалната правда, треба да се напомене дека во ал. 1 од чл. 4 ст. 1 од овој закон се наведува областа на работните односи, а во ал. 4 од истиот член и став се наведуваат и областите на социјална сигурност, социјална заштита, пензиското, 82 Закон за спречување и заштита од дискриминација; Сл. весник на РМ, 50/2010. 92 инвалидското и здравственото осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На пример, според текстот на амандманот, не постои можност за поднесување уставна тужба за заштита на правото на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (чл. 32), правото на социјална сигурност и социјално осигурување (чл. 34), правото на синдикално организирање (чл. 37) или правото на штрајк (чл. 38), кои универзално се признаени за „основни“ права, посебно согледано преку досегашната јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во ерата на државниот капитализам (или „организиран“ капитализам, според терминот на Франкфуртската школа), во обидот да се надмине економската криза државата станува едно со економијата, преземајќи ја главната улога во управувањето со економскиот живот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)