Се обидуваше да им создаде нов поредок на своите книги, според стратегијата на останувањето, наложена од неговата најнова функција, како социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сигурно, не! Не му доаѓаше ни на крајот од умот дека, сепак, ќе го именуваат за социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Остануваше само уште да го стави конечниот потпис врз решението со кое, подоцна, Татко, по формалниот испит, ќе биде именуванза нов социјалистички судија на Судот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко беше подготвен да му се препушти на денот во кој, конечно, требаше да стане нов социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој ќе стане судија. Социјалистички судија... О, Боже, ако постоиш, ти останувам благодарен!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)