Од почетокот на транзицијата, до денес, донесени се вкупно три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ беше донесен Законот за работните односи на СРМ (1990), 1 којшто важеше паралелно со тогаш постоечкиот сојузен Закон за основните права од работниот однос (1989).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените од 2009 минималната казна за инвалидните лица кои вршат самостојна дејност е зголемена уште малку, на 900 евра (чл. 12, ЗИДЗВИЛ/09). 110 ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ Законот за вработување и работа на странци (ЗВРС) е донесен во 2007 година 1 и во периодот обработен во студијата има претрпено една измена и дополнување, во 2009 година. 2 Пред донесувањето на овој закон на сила беше Законот за условите за засновање работен однос со странски државјанин од 1978 година, 3 кој беше сојузен закон и кој по стекнувањето на независноста претрпе само една измена, во 1993 година, со која паричните казни, наместо во динари, се изразени во број на плати.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)