Беше тоа командантот од Штип кој со онаа иста ведра срдечност што тогаш му предизвикуваше презир, а сега, за чудо, спасоносна пријатност, му соопшти дека базенот во бањата Кежовица е готов и дека, според ветувањето, тој еве лично го кани господинот делегат да дојде на заслуженото релаксирање во неговите лековити термални води.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)