Направи еден полунапор да ја стигне, а потоа го забави чекорот, се сврте и тргна во спротивниот правец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Ќе се чуеме“, рече другарка ѝ, и благо одмавна со раката, упатувајќи се во спротивен правец.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во спротивен правец од Потомците, ја истурив по пат обилно потрошената текила.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бегаше нагоре во спротивен правец од терачите; и за да се засолни од нивните очи, тргна да оди по трапот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Долгнавестите пердувести вретеновидни вратови се обликуваа полукружно, во спротивен правец еден од друг.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Токму тогаш на кај него, но одејќи во спротивен правец или преправајќи се за да го збуни, наиде едно сумало старче со длабоко пропаднати очи коешто го гледаше право в очи, со раздвижени усни, очигледно мламуштејќи си нешто самото на себеси.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И смеејќи им се весело како прв пат кога ги сретна со колата, тој завесла во спротивен правец, мавтајќи им со рака од далеку.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Повторно јуревме со Бешир, овојпат по спротивен правец, кон Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да прелетав низ неколкуте бели мермерни скали кои водеа до дворот на амбасадата каде што беше паркиран мерцедесот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Присуствуваме и на економска глобализација и на културна трибализација која оди во спротивниот правец.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ова е нешто ново во однос на што ние не знаеме како да се поставиме, бидејќи целокупната досегашна социологија беше применувана на состојбу каде што трите споменати аспекти беа обединети.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
13. На пример, предлогот на ССМ беше во спротивен правец – наместо зголемување, тие бараа намалување на овој период од четири на две години, аргументирајќи дека на тој начин ќе се зацврстел социјалниот статус на работникот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
До станицата одевме на нозе, првин во редица, а потоа растурени и кој како сака; трипати седнавме да се одмориме и да јадеме, а кога се накачивме на вовчето, учителот постојано се растрчуваше од еден до друг и со прст ни покажуваше де ова, де она што леташе во спротивен правец на одењето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Последиците што нужно мора да следат од едно такво движење Маргина 35 147 на нашето мислење (и делување) во спротивен правец се незамисливи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Покрет!“ командуваше Љупчо. Ја прегазивме реката и трчавме во спротивен правец.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ослушнав уште малку и забегав во спротивен правец.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Веднаш по паѓањето на Ѓорчета, токму во спротивен правец од Младичот и Ивана, почнаа да бегаат некои луѓе. Веројатно исплашени од пукањето.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)