спуштен (прид.) - клепка (имн.)

И тој презриво замижа. Под спуштените клепки ги гледаше само врвовите на своите чевли како отскокнуваат де напред де назад на заплисканата од утринските зраци улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И го читам лицето од површината на спуштените клепки: бледа, пребела, главата и се држи на две темномодри плетенки преку рамните плешки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
5. Кога и да заспиваше со полна месечина во спуштените клепки, Грдан се сеќаваше дака како дете се подмочувал во сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)