среќен (прид.) - во (предл.)

Некогаш веруваше дека може да биде среќен во тој Вавилон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во овој миг ќе ве разбудам и сонливи ќе ве одведам на избиралиштето на шутови со изрезбани глави Во печатени мозоци да бидете среќни во лајна и блуежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако си среќен во себе, зошто би се возбудувал околу Големиот Брат, и околу Тригодишниот план, и околу Двете минути омраза, и околу сите нивни глупости?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навечер, кога заоѓаше сонцето зад ѓерданот од мостови на Сена, Климент Камилски се враќаше среќен во хотелот, како победник над заминатиот ден чија смисла не можеше никој друг да ја разбере, освен него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистински беше среќен во својата балканвавилонска библиотека од каде од чардакот на куќата како да земаше залет со своите нови идеи да ја прелета Тврдината, да ги мине границите, кои беа запрени во него и се бореше да не продолжат и во неговите деца.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Четвртиот ден си се вратија среќни во домот, ама од раце не ја испуштаа радоста.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Раде беше пожарникар. Не беше среќен во работата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите беа среќни во семејството што не остана во Лондон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го переше, го пеглаше и Богдан се чувствуваше среќен во ваква домашна атмосфера која со години ја немаше почувствувано и за која мечтаеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, за мојата совест грижлива, добив утеха неповторлива, возач на Црвен Автобус станав, му носам на адот храна, разнесувам тела и магариња, им наплатувам дебела патарина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Конечно сум среќен во Дантеовиот пекол вечен, и не се тресам како прут во блудниот осми круг!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај фрустрацијата и самосожалувањето, кои му ја замаглија визијата, тој забележа дека таа сè уште е бледа, но дека во неа има свежина и блесок кои сигурно доаѓаа од тоа што беше среќна во својата љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да се чувствувам убава и среќна во своја кожа. Да не се поистоветувам со никој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите се среќни во царството на генералот Стојан. Па дури и тој. Барем малку.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Кажи, не би ли бил среќен во нејзините прегратки?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве, Арсо е богат странец, а Киркор е среќен во своето лажно почитување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе го запамтиш ли овој ден, кога бевме среќни во мај? Љубов моја!....“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не, тие никогаш не биле среќни во Солун. Ни таа, ниту пак тој. Иако тој тоа никогаш не го признаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека траеше краткиот меден месец на запознавањето со заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сеедно, нејзе ѝ остана навиката секоја ноќ пред мугрите да стои пред прозорецот и да гледа во Једи-куле, потем во градот притиснат од ноќта и замолкнат, и за разлика од порано, стуткан меѓу бескрајот на морето од едната и занданата со седум кули насадена на ридот, на спротивната страна.  Никогаш, ѝ поминува низ главата онаа иста помисла, не била среќна во овој град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мавтаат силите небески на сводот и креваат силни ветрови...  Не, не, не!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се враќав среќен во Картагина поради некаква мала победа во која само јас верував и покрај тоа што таа за другите не беше јасна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не сум сигурен дали сите овие луѓе се среќни во овој миг,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Можеби среќата, како и гревот, е во очите на оние кои ја гледаат,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледајќи час во водопадот, поттикнат од блаженото чувство праша: -Зошто се чувствувам среќен во моментот кога ќе се присетам на мојата Ирена! Објасни ми?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бев среќен во прегратките на тагата по виулицатa и дождот, сонце ќе огрее погледот залутано талка во далечината се обидувам да го слушнам гласот од златоустиот коњаник во дамнината... Oдвај ги забележав трагите од прашинките во одминување...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Децата се среќни во виртуелен свет на школо се активни, добивајќи пет па пет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сè додека човекот не го наруши миграторниот круг на движењето на птиците и посебно на јагулите, тој ќе може да остане среќен во секој кат на планетата Земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински беше конечно среќен во својата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)