- Господ создал две совршенства: убавината кај жените и ружите (рози - бугарски) говореле старите грци. И не случајно поетите пеат за ружите...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неколку саксии имаше посадено босилек, во неколку други саксии со голема грижа ја одржуваше билката куќа на среќа, сметајќи ја за симбол на нашето семејство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во градината се ширеше чудесната миризба на каранфилот, нарекуван од старите Грци божествен цвет, трендафили, бегонии со цветови во бели, црвени, жолти и портокалови бои, зумбули, цветови во сите бои.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)