Во хотелот престојуваа членовите на сите странски делегации во земјата и многу генерации врвни политичари на земјата кои во голем број ќе бидат жртви на ненадејните судски процеси и ликвидации.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Знаев однапред, бев теоретски добро подготвен за ова патување, дека во Албанија, во времето на сталинизмот, сите престои во земјата на странски делегации биле однапред добро селектирани и подготвувани, низ семожни подробности, со цел на патниците да им се понуди најубавата можна варијанта за земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога завршија сите гранични и царински формалности, заедно со лицата кои нѐ пречекаа близу граничната линија за првото добредојде, нѐ воведоа во една посебна просторија во граничната зграда, за средби со странски делегации.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имало случај, кој ми се изнесува во доверба, кога еден водич - конзерватор, на крајот од кариерата, не можејќи да лаже за статуата кој ја претставувал пред угледна странска делегација, рекол – статуата или јас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со избрани зборови истакна дека на нашата делегација ѝ се чини голема, единствена чест, досега незабележана кон некоја странска делегација, да се подготви програма за гледање на најдобрите театарски претстави во кој триумфира социјалистичкиот реализам, по повод стогодишнината од раѓањето на великиот Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)