страшен (прид.) - слика (имн.)

Можеби затоа што таа е запишана на ова трајно место, како што е оваа книга, со овие страшни слики.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Страшни слики му излегоа пред очи: Што ли има станато со детето?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само во неколку наврати сонот фати да го совладува и да му ги враќа оние страшни слики, што лебдејќи на самата граница со јавето, тој успеа да ги оттурне.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Знам, војна?“ праша на крај несигурно, не покажувајќи потресеност од страшните слики што му ги срташе богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Секој е пророк во своето место”, помислува додека насмевнат од овие лажни спомени што се случиле само во неговите желби, лежи на својата постела, свртен со лицето кон ѕидот и со грб кон својот цимер кој дише воедначено, и како и тој - Виена, го сонува својот дом не во сегашниот, сив и заканувачки замолчан, ами во еден друг, отворен и радосен, кралскоцарски Загреб.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)