страшен (прид.) - и (сврз.)

А и предметите низ собата кога ќе ги обвиткаше темнина изгледаа страшни и таинствени.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Расказите ги преведе распнатиот (меѓу страшниот и патетичен Достоевски и повесело трагичните „алтернативци“) Павел Попов. илустрација: Egon Zakuska 66 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Руската литературна сцена, многу витална и необична (виталноста ја градеше во самиздатските визби), „Маргина“ ќе настојува да ја промовира и понатаму.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
7. Хаосот ѕирка низ дупчето на забот (Треба да се оди на забар!), хаосот лази низ запуштените нокти (Треба да се отиде на педикер!), хаосот се најавува преку темните влакна на обоената коса (Под итно на фризер!), хаосот се пробива преку флеката на облеката (Облеката веднаш на хемиско чистење!), хаосот ѕирка низ дупката на чорапата, хаосот се заканува од секаде, хаосот чука на вратата со неплатените сметки, со можното губење на работата, со можната тешка болест, хаосот се крие во картонската куќичка на бездомникот, хаосот бревта од дебелите минувачи, хаосот се кези од лицата на наркоманите, хаосот испарува од уличните отвори за канализација, хаосот зева низ црните, запалени куќи во Бронкс, хаосот ноќе шушка од кантите за ѓубре, хаосот се кикоти од секаде, се придвижува од мрачните дупки, дебел, страшен и црн како градски стаорец... 13
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Настана тишина страшна и сите знаевме дека тоа е некаков знак што Господ го праќа до нас, а во врска со смртта на царевата ќерка. Но никој ништо не прослови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се исправи над нив наеднаш голем и страшен и неговиот глас грубо го скина летот на нивните раскрилени мисли: - Картите ве молам!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Морам да признаам дека сцените со малтретирање деца, иако можеби и експлоатираат, се страшни и реалистични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто ли толку нездржлив, ужасен, страшен и бесен гнев се посеа над Преспа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Баба Нада беше страшна и дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)