Со автобусот број 3 во осум часот заминаа до крајната постојка, кај основното училиште „Кочо Рацин“, оттаму влево по стрмната улица кон рекреативната патека - кон Средно Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Надолу се спушташе стрмна улица пак без жива душа по неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јавнал на бел алогон коњ, Питу, целиот облечен во срма, се спушташе бавно низ стрмните улици на градот. Тие беа сега речиси пусти.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)