Со крстосани раце си ги држела рамениците, се обидувала да се заштити од струењето на студениот воздух. Нозете несовладливо ѝ трепереле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Останала да стои на првото предутрено застуденување со наведната глава, повеќе девојчински посрамена отколку со белег на каење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќелијата беше студена како фрижидер. Неколку клима- уреди насочени кон него дуваа студен воздух.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога конечно ќе се решеше каде да тргне, знаеше дека никого нема да сретне, освен измаглината во студениот воздух, создадена од неговиот здив.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Оливие зборуваше долго и без прекин... Уште којзнае колку долго ќе зборуваше да не се подотвори вратата од црквата и студениот воздух допре до нас.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Студениот воздух го освежи, му ги разведри мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)