Никој жив нема! Тоа ли е ред! Сите се успале!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Но, и во тие куси средби, Марија забележуваше дека на неа долго се запира студениот поглед на неговите безбојни очи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го преместуваше погледот од еден на друг како по нотна скала сѐ додека не го сретна студениот поглед на човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ја извади капата од глава и го избриша челото со шамивче.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Знаеше дека од горниот кат го следи студениот поглед на Германецот, па продолжи мирно до зад аголот и тука застана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го преместуваше погледот од еден на друг како по нотна скала сè додека не го сретна студениот поглед на човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А со мене раководи впечатокот и вродениот инстинкт а не само студениот поглед на логиката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)