А потоа наеднаш ќе зажубореше но одвај чујно нејзината расчувствувана сомилост: „Можеби доаѓаше, мило, само за да ја погалам, но јас не знаев или не умеев тоа да го забележам?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стојна тој ден изгледа сакаше малку да си поигра со него и одбиваше да му се покори сè до оној момент додека и нему не му се причини дека ќе мора да си ја проголта како сув краешник желбата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)