Помислувајќи на својата мајка, па на Ататурк и на средбата со него, тој чувствуваше дека, со откривањето на битолските сиџили, им се оддолжил на обајцата, со своето враќање од Цариград, откако не го прифати предлогот на создавачот на нова Турција да ја продолжи својата судиска кариера во Цариград и откако на мајка си никогаш не ѝ ја откри причината зошто го напуштил градот на Босфор засекогаш, во времето кога таа веруваше дека ќе ѝ се оствари сонот за неговото заминување...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)