сушен (прид.) - година (имн.)

Уште откога ќе залебеше житото, некаде при крајот на мај, ако беше сушна годината, во дворовите на домаќинствата се појавуваа додоларки а низ полето одочесници, или уште како што ги викаа во Потковицата, покрсти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)