Да фрлат тажен поглед над цело нивно Мариово, низ цело битолско прилепско леринско поле да ги пренесат мислите далеку, далеку под Пајак и Беласица, во Солунско и Светогорските Метоси, каде веќе житата се класени и ги чекаат аргатите од цела Македонија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во неа веќе ги снема вечната топлина и светлината, добрината и тажниот поглед на Богородица прел која секој ден и ноќ без престан гореше маслениче. Сега угасна и тоа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Му се чинеше дека нема да замине, ќе скокне во морето, ако го сретне уште еднаш неговиот тажен поглед.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со тажен поглед ми велеше дека му е многу жал што така се случило, зошто сме му биле омилените потстанари сѐ до моментот кога јас си заминав.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На одење ја затворивме вратата, влеговме во автомобилот, се свртев со тажен поглед.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А што мислеше тој, што се случуваше зад неговиот рамнодушен, по малку тажен поглед?!
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Само на одење Никифор ќе ми се испули со тажен поглед и ќе праша: — Кај ќе одиш после на работа?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со тажен поглед во левото и прекор во десното око, уморно проговорува: - Затоа што јас и ти сме едно.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Болен човек со баретка баш како на Че Гевара, а и со тажен поглед баш како на Че Гевара, младиот доктор кој со мотор ги обиколува камповите на лепрозните во Јужна Америка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ова е миг на утринска збунетост: љубопитникот од толпата во Уфичи на едно од платата на Тицијан го препознава Че Гевара.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Под сенката на тажниот поглед што умира во пазувите на празни прегратки...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Лицата од луѓето час се развласуваа во светлината, (небаре грутки шеќер пуштени во чиста вода), а час стануваа јасно пристемнети од тажниот поглед со кој ја испраќаа старицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)