Под строго надгледување на игуменијата Минадора, под блесокот на нејзините многупати исплакани очи во тие црни и злодобни дни, неколку сури старици меселе големи погачи и готвеле за луѓето танки чорби во котлиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ што било кадро да застане на нозе влечело однегде и делкало со секири и со тесли бигор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)