Нема ништо друго во оваа песна освен твоите како ноќ полни тишини; ништо друго освен миг, сосема прост миг во кој го разменувам сиот живот со твојот живот над проста осама за двајца.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Твојот живот е некаде, а мојот е онаму...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
- И се прекрстува. -Без нив твојот живот е ништо.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сети се на тајните вечери што ги сликаш во Македонија, имаш уште 12 слики!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И, додека ти мислиш дека е крај на светот и векот за тебе, те вадат и тешат турските серии, поредени, фала Богу, така што можеш да ги следиш и репризите ако нешто си пропуштила дури си го секнела носот со тоалет хартија зашто „Паломата“ си ја потрошила на претходната, која била за нијанса потажна од твојот живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И има ли прошка кога чиниш зло само затоа што ти е страв од уцена гнасна, само затоа што за животот свој се боиш? Но: колку вреди твојот живот без правда да вршиш?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еден допир со животинката ќе те усмрти не само во овој, туку и во сите други, идни твои животи“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не знаеш кому му припаѓа твојот живот, што е поголемо за тебе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе не му верувам на писменцето што ми беше дофрлено: „Дадовме дваесет златници за твојот живот“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа е излегување од сцената, финале на славниот еп на твојот живот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во твојот живот влегува уште една мајка, тетка Перса!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Деветнаесетти век, Охрид ист како и сега. Почеток на твојот живот, слика лоша, мајка тежок нарам влече без запрега.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)