Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Со душата твоја земјата ја покри, со мудри зборови ти ја исполни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Разлабави малку, човече, нека омекне и твојана земја, а и мене пушти ми ја водана за да можам да сторам сѐ, за што сум тука и дојден, со сите оние трупци и со мојана пила.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сурова, каменеста, испечена од сонцето, излокана од водјето и извеана од ветровите, но украсена со човековата убавина и топлина, иако понижена и испоганета од новоослобидителите е Твојата земја, драги Џим.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас ценам, твојава земја е добра за компири.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)