Јас би сакал уште да ти речам, но без умисла да влијаам на твојот избор, дека во нашето семејство Фетиевци, со векови сме преврзани на кадиската традиција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се сетив на „Харакири“. Мора да е убава смртта што е по твој избор и по твоја волја...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)