Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па се труди и да те опече и да те помести од место барајќи ги твоите колена, за кои, најверојатно, во неговата глава смета дека ти се ерогена зона бр. 1... меѓу другото зашто само тие ти се подоткриенки, разголенки.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не! Ќе трае и во моето и во твоето колено и во колената на колената наши се додека ќе бидеме вакви, без дома, или, како што се вели на митинзи и свечености – без татковина...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)