Да ми е да прошетам по вашата улица Тајно допрен на ѕидот на твојата куќа Да чујам колку убаво потпевнуваш А камо ли – како сонуваш...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Па… Ја прашал неа. Слушнав ти оженет, и ја претпостави дека може да е некој од твоја куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Знаеш ли како се заколнав? Знаеш, знаеш си чул. Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твојот пород, ќе те убијам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ти имаш авторитет. Тој мора да излезе одовде. Ако треба и сосила. Ова е твоја куќа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мила тетко Персо, не можам да влезам во твоето срце, во твојата куќа, во твоето одајче, а за ова да не знаеш!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Дури не излезам пред царо, честита царице - је рекол чоекот - да се пресудам, не му го давам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Арно, бре братко, арно с¯ имаш: твоја куќа и покуќнина, ама уште оџакот да не беше крив, тогај немаше кој што да речит - му рекол Лалата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога чу царицата тој збор, вечерта беше го опила царот со билки чемерики и беше го клала во една кочија, та беше си го однесла дома кај татка је.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Затоа тој им велеше: - До зајдисонце една лира од твојата куќа да донесеш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тргнав кон Брезница, влегов в село и гледам твојата куќа прва и настранета така како заради мене да е правена, за тој што ќе ми биде јатак.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)