Драгоцени се, како сознајби на едно време и еден простор мислите-брилијанти, што како волшебен клуч го отвораат хоризонтот на новото време, ставени во златната уста на Големата Мајка: – „Кај ти е Татковината, Мајко” – ја прашува Ервехе војничето на граничниот премин. – Мене ми е Татковината таму, кадешто ми се децата. – А кој е твојот народ, Мајко? – Народот со којшто живеам, сине.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Остануваат блиските твои во земјата која ја напуштивте, останува твојот народ таму и овде … рече во еден здив А.А. Беше јасно каде целеше А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Твојот народ тука е толчен! Врз него незаситно се заканува разурнувачката моќ на омразата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)