Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Твојата песна може да се печати, и тоа не само во нашиот лист”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Има една песна што уште никој не ја испеал но еднаш сите ние секој саме ќе си ја испееме секој сами ќе си се - отпееме...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Има една песна која уште никој не ја чул зашто е тоа само твоја песна.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Почекав да ја доврши песната и пред да засвири нова нападно го прашав: „Човеку, зарем смислата на твојата песна вреди само неколку метални парички?!“
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)