твој (прид.) - случај (имн.)

Во твојот случај треба само да се чека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но сепак, не верувам дека сето тоа влијаело во недореченостите што се однесуваат на твојот случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова што ти го раскажа, овој твој случај, тоа го потврдува...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако ги оставиме трезвени ќе бидат опасни по себе и околината. Како што покажува твојот случај.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Во твојот случај“ рече О'Брајан, „најлошата работа на светот случајно се стаорците.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)