телевизиски (прид.) - екран (имн.)

Американскиот телевизиски екран фрчи од пени за капење, шампони, мириси, помади...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите ги свртевме погледите кон телевизорот, а нашиот разговор за секојдневните теми престана и сето внимание го всредсредивме кон она што се одвиваше на телевизискиот екран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова може да биде позитивно за нашата уметност, бидејќи овие емоции вклучуваат спонтани реакции на природниот свет, донесувајќи чувства кои сѐ уште не се избришани од светот на телевизиските екрани и од потрошувачката рекламна машинерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јули минатата година го поминав во својот загребски стан, зад спуштени ролетни, зјапајќи во телевизискиот екран.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега просечниот Американец седи пасивно седум часа дневно со очите и со носот залепен за телевизискиот екран. Тоа е грозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
При промената на филмот, видеото и книгата во интеркомуникативна програма на телевизискиот екран, моето претпријатие Futique го употребува принципот на приредување и персонификација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Интеркомуникацискиот софтвер за телевизискиот екран му дозволува на корисникот да обработува графики, икони, звук и текст и да ги менува во брзи кооперативни или компетитивни feedback сцени или во мултимедијални игри за тестирање на умствените способности. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 77
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој нема да го доживее враќањето на ластовиците во Рамалах, во неговата втора Картагина во урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И додека со огромна љубопитност ги разгледуваме изложените експонати, внимнаието ни го одвлече појавата на телевизискиот екран на знакот на солунскиот ТВ канал и најавата дека ќе биде емитуван документарен филм насловен: “Πρεσπα η καρδια της Μακεδονιας”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На телевизискиот екран се менуваа прилози од разни градови низ Републиката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Новата раса е насочена кон самонасочување и индивидуален избор, генетска одвратност за партизанските политики, наследена згрозеност од централизираните влади.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Младите луѓе од целиот свет мутираа, како што предвиде Маршал МекЛуан, преку високо комуникабилните меми: документарни филмови, рокенрол музика, MTV, пиратско емитување, сето тоа доаѓа до нив преку Американско-Јапонските телевизиски екрани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
КРАЈ НА МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Старомодната религиозна демонологија и лажниот патриотизам вешто распрскани преку телевизиските екрани, ги заменуваат рационалните дискусии на одредени теми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)