топол (прид.) - леб (имн.)

Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на „Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одозгора се зададоа двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рече: - Како да ми мириса. - На топол леб и лепешки.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сврделот на Партијата и на движењето им требаше како топол леб, без оглед на сите негови слабости за кои и бевме и не бевме свесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа никогаш, ни во себе, не се пожали на Најда; тој ѝ беше добар „кога топол леб“, но не можеше да го заборави Дракчета и покрај топлина во очите на Најда Пашалески со која што тој ја гледаше, која што чинеше маката што ја имаше да ѝ олесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш - таа Марија со топол леб под шушкава свила, со бел леб, со топли и бели гради. Никогаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- НА СИРОМАСИ не фрлај трошки - туку подај топол леб.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Иако оваа приказна се чини слатка и пожелна како топлиот леб штотуку изваден од под вршник, (а познато ви е дека ова печиво е исполнето со празнини, со безброј меурчиња) сосема е природно настанот да ви се пристори сосема необичен. И ништо повеќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ете, убавината на таа ноќ, слична на топол леб изваден од под вршник, ме потсетуваше токму на тие воздушести празнини во него. Или сум била гладна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, никој на јазикот нема направа за сеќавање на вкусот на сите оние меурчиња и празнини за кои зборував кога го спомнав лебот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и онаа приказна за сонот во прегратката на војникот кој знаел да бакнува најтопло иако тоа го правел преку превезот на ноќта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понесливата тежина на градата ќе ја натераше да си ја поткрене дојката, подобро да ѝ ја почувствува тврдата тежина што ја потсетуваше на размесено надојдено тесто, толку многу си ја чувствуваше дојката што по сеќавање, во носот ќе ѝ замирисаше на топол леб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе се присетите кога мајка ви ви дава подзасушено лепче, а вие одбивате, барате топол леб.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие го ставале во фурната како тиганици и никогаш не се кревал многу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нешто ми стои на главата како тепсија со жежок зелник, како табла со топли лебови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)