трепетлив (прид.) - рака (имн.)

Со трепетлива рака наточи ракија во зелена чаша, отпи малку и дувна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го зеде чкорчето и со трепетливата рака го чкрапна, потоа го запали првиот од осумте фитили што утрово ги направи маж ѝ изговарајќи го традиционалниот благослов: „...Leadlik ner shel Hanukkah”9.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Извади од под сламарицата темнозелено шише и ми го подаде со трепетлива рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите тие подаваа пари со трепетливи раце а по некои мрдаа со усните божем читаа молитва. Црвената капа отежна као ќесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)