трет (прид.) - година (имн.)

Трета година земјата на Ленка покри снагата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ката го трати бегот и не стапна веќе во кулата, а и самиот тој не докондисуваше толку толку, гледајќи да го прибере некако Толета, од кого почна и да се плаши.' По година и половина Ката доби машко дете и го крстија Трајко на свекорот, а во третата година доби и друго, кое го крстија Велјан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве трета година се обидува напразно тој да го пречекори прагот на финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- За непријателот да не остане - едноставно одговори дедо Васја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- По болницата мене во куварите ме ставија, најстар бев таму, од третата година на раѓање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Почна и третата година од заедничкиот живот меѓу вечно вљубените Томо и Радица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Течеше третата година од твојата операција. 20.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Неговите родители му беа како втори родители, за време на неговиот престој, за време на третата година од средното училиште.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во меѓувреме дојде и Матеј, нашиот помал син, студент по медицина на трета година, твојот наследник.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога Гаврил беше трета година средно тие повеќе пати го земаа на гости кај нив во Вермонт, тоа многу ни значеше и нам како родители, бидејќи има некој во туѓина којшто се грижи за нашиот син.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А после, по третата година, лутината ѝ помина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На Факултетот за земјоделство и шумарство (еми не студирав книжевност), во трета година, преку лето одевме на пракса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така Симона се задоволи со тоа што во дваесет и третата година објави повлекување од музичката кариера, роди три деца во бракот со членот на парламентот Никола Руневски – Рунето, и почна да ги полни страничките на забавните магазини со фотографии на нејзиниот скромен семеен дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Немам – признав – а и не ми е јасно што е тоа услов за трета, ама право да ти кажам и не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше тоа четвртата година од мојата дипломатска мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многумина амбасадори, со барање на Сојузниот, по третата година беа вратени, наводно со одлука на Претседателството да им се скуси мандатот на три години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа Турчинот дење-ноќе ја кандисувал додека најпосле, на третата година, не се согласила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наведуваше примери: кучето е способно за полово општење во втората година, а живее просечно дванаесет години; коњот, кобилата, говедата, способни се за полово општење во третата година, а живеат просечно дваесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)