триумфален (прид.) - капија (имн.)

Овде постои и Триумфалната капија за победниците и поразените.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не случајно и триумфалната капија ќе биде поставена пред такси компаниите и пред Чичко Стоилко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во Париз имаат Триумфална капија, во Лондон Биг Бен, во Прилеп Могила на непобедените. Ние, Скопјани - шмизла! Ееее, после друг ни е крив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На пример, за време на првата Заливска војна, тој проектираше слики на скелетни раце, од кои едната држи митралез, а другата пумпа за бензин, врз Arco de la Victoria во Мадрид, заедно со зборовите „Cuantos?“, на тој начин „прашувајќи колку? (цената на бензин) но и колкумина? (бројот на жртви)“ 145.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сликите беа проектирани врз тријумфалната капија во слава на победата на Генералисимусот Франко во Шпанската граѓанска војна.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)