Таа не знаеше што е шиник, ама сигурно е нешто големо и тркалезно и мазно - без коса!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И не треба да ја има
од оваа перспектива од којашто покажува
само еден образ, тркалезен и густ
со обеспокојувачки пространата уста.
Уста на небо.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)