тужен (прид.) - странка (имн.)

Судската постапка траеше безмалку година и пол, од мај 1996 до септември 1997, и за време на парницата се одржа само едно единствено рочиште4 на коешто немаше ниеден претставник т.е. застапник или полномошник од АД „Млекарница“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа официјално издадена потврда, оштетениот работник повторно се обраќа до финансискиот сектор на фирмата и бара исплата на платите по мирен пат, за да не оди работата на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој пат таму, крајно игнорантски и безобразно, му е кажано дека „може слободно да тужи“ – алудирајќи на претходните „случаи“ како него, кои исто така тужеа но го изгубија спорот останувајќи изиграни и од судот и од тужената странка, која нели е во државна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, сепак, овие трошоци не го премислија, затоа што сумата на неисплатени плати му беше неопходно потребна за да ја направи толку потребната хируршка интервенција на срцето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По донесувањето на позитивната пресуда врз основа на признание во корист на работникот- тужител, што се случи во јуни 2010, но поради колективниот годишен одмор на судиите (т.н. „судска ферија“)5 беше доставена дури во август истата година – не е покрената жалбена постапка од страна на тужената странка, но истата е спроведена присилно, преку извршител (Б. Кипровски) – откако, во септември 2010, таа стана правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)