Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога Бенвениста ја праша дали тоа значи дека Рафаил е во Нови Сад, мадам Мими студено ја погледна и ѝ ја кажа цената што изнесуваше цела кројачка дневница на вредниот Јехуда Давидовиќ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)