Се однесуваше како сосема туѓ човек, како никого да не познава, како да не пристигнал со другите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како секое селско дете што се плаши и срами од туѓ човек.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во огледалото место себе виде туѓ човек во своја облека.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Што сакате? - праша таа, како да виде непознат, туѓ човек пред себеси и расеано гледа преку мене.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
АНТИЦА: По чекорине како туѓ човек да е, кој не идел во куќава.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)