Да ги добиев вчера, да ги добиев макар денеска пред тргање на школо, јас ќе го предварев овој удар што не лесно се залечува, немаше печат на катадневна потсмешливост да се одбележи на оној убав лик што го носев во себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога би била пролетно ветре, би го милувала твојот убав лик, и би го чувала во себе, за вечност.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Убавиот лик не го следеше тој со вртење глава, а го проследуваше, се така загледан в земи, внатре во себе, дури не му се сталожи како неусетна издишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од другата страна на калдрмата, до двете дами се најде еден млад човек, не постар од 22-3 години, убаво облечен со лесен, едноставен нагрнат мантил, со темно сив шешир на главата, прекрасни големи, продорни очи и убав лик.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Невена стана убава стројна мома, со убав лик, широка насмевка на која белите заби, светеа како бисери.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Подоцна ѝ се роди Стојан. Синче со многу убав лик.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: го презре својот убав лик.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)