угледен (прид.) - личност (имн.)

Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Какви и колку патишта на јагулите прекинала изградбата на „Беломорканалот”, каде што доаѓале угледни личности на времето да се восхитуваат на успехот да ја слават работната победа на тие што биле жртви на трудот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)