уличен (прид.) - врата (имн.)

Ќе излезам и ќе ги престружам басамаците на старата куќа што се качуваат скоро од уличната врата до мојата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата , до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце, и штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата, до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)