уплашен (прид.) - дека (сврз.)

- Ех, -присторе дедо Бошко уплашен дека овој сака да го наведе на зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Јас... јас... – почна Зоки, и уплашен дека вака како што пошло ништо не ќе добие за ручек, одненадеж се досети: - Јас го кревав капакот на тенџерето...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Нѐ држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го срушат домот, ќе ни ја скршат вилицата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)