Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи, во определен рок, да постапи според прописите за мерките за заштита при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или ко- лективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)