утрински (прид.) - молитва (имн.)

И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Налактен на масата, Савле ја мрмореше својата последна утринска молитва во колибата, оти срцето му кажа дека оној што зад него ги читаше неговите чкртаници е последниот што треба да го пречека и да го одведе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Поведи ме, Господе, кон престолот свој, оти на мојот живот му се гледа крајот и времето да ти се придружам дојде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На неговите колку и на своите.  „Не се сеќавам, не се сеќавам“, се ниша Моше како на утринската молитва во синагогата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)