утрински (прид.) - свежина (имн.)

Ја задржа пред вратата и утринската свежина, да не се вовре внатре и предвреме да му ги разбуди гостите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Надвор ги удира в лице студен планински ветар, градите им се полнат со утринска свежина и мирис на смола.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сонцето веќе беше искачено на небото и насекаде се чувствуваше утринската свежина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)