Навистина, жителите на Потковицата и дотогаш знаеле дека сонот значи смрт, насилно и грубо искоренување, па затоа и сонувачот и тие на кои се однесувал сонот живеле во постојан страв, во постојана одземеност и малодушност, сѐ до извршувањето негово, но никако не можеле да си ги доизјаснат значењата на симболите во него, а тоа, како учен човек, го сторил Јован Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така, работејќи денеска овде утре онде, еднаш ова другпат она, стигнал да се здружи со некоја тајфа мајстори-ѕидари, од Демирхисарско; тие го запознале со Тодета Акиноски, кој, тогаш бил наредник во Кралската гарда, а Тоде го однесол дома кај Петара Акиноски, кој, пак, како учен човек, беше капетан во Кралската гарда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Работел што работел Видан кај Петара Акиноски, се грижел Петар Акиноски што се грижел за Видана и за мајка му, а кога и Видан почнал да поболува, му рекол Петар дека тоа не може така да продолжи, дека треба да изучи нешто полесно да работи и го однесол на дуќан кај Коста Циривири, прилепчанец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Дедо ме погледна, велејќи ми: - Дедо ти Митре беше учен човек.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да.... дедо ти Митре беше учен човек... Како денес го памтам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но сепак Камилски, откако помисли дали ќе биде тоа еден од светските јазици, или првиот јазик што го научил, категорично одговори: Се разбира најсладок ми е мајчиниот јазик? Не! рече Татко со блага насмевка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имав еден пријател во Париз, учен човек, научник, автор на многу книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тоа време не само што селото добило учен човек туку во Брезница наша имало и грчки поп.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Петре се сметаше и за учен човек во селото наше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Едно лето се пренесе глас дека во нашиот град ќе дојде умен и учен човек, уважен гостин од една далечна земја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Навидум сосема недолжно, онака милозливо и наивно, тој велеше дека, ете, во писмата на Павле, тој мудар и учен човек, имало и такви работи кои биле тешки за разбирање, та неуките читатели понекогаш ги извртувале.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ти си доктор, бре, учен човек: како ќе ти буде тебе шумци да те командуев? За њи - ето им шума, брате.
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
- Геолог, велиш? А што е тоа геолог? - Не знам. Учен човек.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јас сум учен човек и учено ти лафам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нараторот зазема страна да остане во сенката на една интрига, чии два главни лика се, од една страна, неговиот татко, учен човек, либерал, разумен и, од друга страна, Чанга, човек од сортата на Мерлин кој станува народен симбол.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се вратив повторно кај дрвото, дојде заменикот на командант, некој Бугарин, учен човек.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
ВО ПРЕВРЗУВАЊЕТО МИ ПОМОГНА БУГАРИНОТ
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Ти си, сине, умен и учен човек. Се врати со цариградска кадиска диплома.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)